Меџидиев: Две од децата се со потешка клиничка слика, останатите патници се во стабилна здравствена состојба

Човечка грешка најверојатно е причината за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија, соопштија бугарските власти. Заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов соопшти дека увидот покажал дека на тој дел од делницата нема други пречки и нерамнини кои би предизвикале скршнување на автобусот. Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето“, рече Сарафов.

Ваквите тврдења се поткрепени и со директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот. Според дел од патниците возачот го изгубил вниманието кога се обидел да му помогне на еден родител да го крене седиштето за своето дете“. Во тој миг автобусот излета во каналот кај градот Стара Загора.

Возачот на српскиот автобус кој се преврте кај Стара Загора на автопатот „Тракија“ е задржан во 24-часовен притвор.

 На возачот, српски државјанин, му е наредено да не ја напушта Бугарија додека трае истрагата за причините за несреќата.

Според експертите за безбедност на патиштата покрај тоа што српскиот возач изгубил контрола над автобусот, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија решил да отпатува  за да земе деца навечер, што не е дозволено.

Според бугарските здравствени власти две од децата кои патувале со автобусот се во потешка здравствена состојба и над нив се очекува да биде извршена хируршка интервенција, а останатите патници се во добра здравствена состојба.