Гладна црна мечка упаднала во гаражата на пекара во Авон, Конектикат, исплашила неколку вработени, изела 60 колачиња пред да замине.
Работниците во пекарницата Taste by Spellbound во Авон Тауншип во средата ставале колачиња во комбе за испорака кога се појавила мечка, јавува АП.
Помеѓу 1.000 и 1.200 црни мечки живеат во Конектикат, соопшти државната Агенција за заштита на животната средина, а тие биле видени во 158 од 169 градови во државата минатата година.
Сопственичката на пекарата, Миријам Стивенс, во објава на Инстаграм напишала дека ја слушнала вработената Морин Вилијамс како вреска и вика дека во гаражата има мечка.
View this post on Instagram
Вилијамс изјави за ТВ станицата WTNH дека викала за да ја исплаши мечката, но таа се повлекла и се враќала трипати.
Додала дека мечката се втурнала кон неа, па таа излегла од гаражата и побегнала.
Надзорните снимки покажуваат како работници во пекарата се обидуваат да ја исплашат мечката, но потоа бегаат откако таа ги исплашила нив
Пекарот конечно ја избркал мечката со сирена од автомобилот, изјави Вилијамс.
Четириножниот крадец си замина додека пристигнаа полицајците и службениците од Одделот за енергија и заштита на животната средина во Конектикат (DEEP).
За среќа, во овој инцидент нема повредени.