Лионел Меси пред шест месеци ја започна својата авантура во Америка. Аргентинецот откри дека во моментов не размислува за пензија.
Меси одлично ја започна сезоната во МЛС лигата, во првите три натпревари постигна три гола и забележа една асистенција. Сегашната форма покажува дека Меси се уште не е за пензија и дека му претстојат уште неколку години добар фудбал, што и самиот го потврди.
„Мојата возраст нема да биде важна за одлуката да се пензионирам. Ако продолжам да се чувствувам добро на теренот, ќе продолжам да играм“, изјави Меси.
Во Интер од Мајами, Меси е опкружен со пријатели, соиграчи со кои ја делеше соблекувалната во Барселона. Дел од Интер Мајами се и Серхио Бускетс, Луис Суарез и Џорди Алба. Аргентинецот нема да се пензионира се додека неговиот тим имма корист од него.
„Ќе престанам да играм фудбал во моментот кога веќе нема да можам да играм на ова ниво, кога нема да уживам во играта или кога нема да можам да им помогнам на соиграчите на теренот“, изјави аргентинскиот фудбалер.
Покрај за Интер Мајами, Меси во својата кариера настапуваше и за Барселона и ПСЖ.