Штрајк во Аустриан ерлајнс – откажани летовите од Скопје, Белград, Сараево, Дубровник

Вработените на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ денеска започнуваат штрајк, кој ќе трае до 29 март.

Штрајкот е поради спор околу платите, што резултираше со откажување на 400 летови кои влијаат на 50.000 патници.

Во текот на погодениот дводневен период, авиокомпанијата требаше да реализира 24 летови од Виена до градовите во рамките на поранешна Југославија, вклучувајќи шест лета до Белград, четири до Сараево и Загреб, три до Приштина и Скопје, два до Подгорица и по еден до Дубровник и Сплит.

Од друга страна, утре, од три дневни летови од Виена до Белград, откажан е само еден.

Истиот ден, авиокомпанијата ќе ги реализира двата лета до Сараево. Еден од двата дневни лета во Загреб е откажан.

Eдинствените летови кон Скопје и кон Приштина исто така се откажани.