Аргентискиот фудбалер – Лионел Меси, офанзивецот на француски ПСЖ е најплатен светски спортист за изминатата година, објави денеска магазинот „Форбс“.
Оттаму наведуваат дека Меси заработил 130 милиони долари пред оданочување, од кои 75 милиони долари се однесуваат на плата, а од разни спонзорства инкасирал дополнителни 55 милиони долари.
На втората позиција на оваа престижна листа е американскиот кошаркар Леброн Џејмс, со приход од 121.2 милиони долари, при што најголемиот дел (80 милиони долари) доаѓаат од вонспортски активности.
Кристијано Роналдо е трет според заработката со 115 милиони долари. Неговата плата е 60 милиони долари, а од спонзорства Португалецот заработил 55 милиони долари.
Ова се 10-те најплатени спортисти во светот:
-Лионел Меси 130 милиони долари
-Леброн Џејмс 121.2
-Кристијано Роналдо 115
-Нејмар 95
-Стеф Кари 92.8
-Кевин Дурант 92.1
-Роџер Федерер 90,7
-Саул „Канело“ Алварез 90
-Том Брејди 83.9
-Јанис Антетокумпо 80.9 милиони долари.