„Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина, замрзнати на иницијатива на Киев“. Ова денеска го изјави главниот руски преговарач – Владимир Медински.
„Ние од наша страна подготвени сме за продолжување на дијалогот. Но, би сакал да нагласам дека топката, кога станува збор за натамошните мировни преговори, е во дворот на Украина“ рече тој за белоруската телевизија „ОНТ“.
Медински повтори дека до замрзнување на разговорите дошло „целосно“ на иницијатива на Украина.