Медведев: Секој упад на Крим може да доведе до трета светска војна

Дмитриј Медведев – екс рускиот претседател изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја-членка на НАТО може да претставува објава на војна на Русија, што може да доведе до трета светска војна.

„За нас, Крим е дел од Русија. А, тоа значи засекогаш. Секој обид за продирање на Крим е објава на војна во нашата држава…А, ако тоа го направи членка на НАТО тоа значи судир со целата северноатланска алијанса. Трета светска војна. Целосна катастрофа“ – рече Медведев од позиција на  заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Тој рече и дека Русија, доколку Финска и Шведска влезат во НАТО, ќе ги зајакне своите граници и ќе биде „подготвена за одмазда“.