Медведев е прв тенисер во светот – Ѓоковиќ „симнат од тронот“ по 361 недела

Данил Медведев – тенисерот од Русија е нов лидер на светската АТП ранг-листа.

Денеска го објавија најновиот поредок на најдобрите на кој по рекордни 361 недела првото место го загуби Србинот – Новак Ѓоковиќ.

Новиот прв светски тениски рекет сега има 8.615 бодови, додека Ѓоковиќ останува на 8.465 бода.

Во ТОП 10 тенисери на светот уште се: Александар Зверев (7.515 бодови), Рафаел Надал (6.515), Стефанос Циципас (6.445), Андреј Рублев (5.000), Матео Беретини (4.928), Каспер Руд (3.915), Феликс Оже-Алиасим (3.883) и Хуберт Хуркач (3.496).