Мајами ноќеска на гостински терен го совлада Денвер со 111:108 во вториот натпревар од финалето на НБА-лигата.
Тимот од Колорадо ја имаше победата во свои раце, во последните десет минути влезе со предност од осум поени, но високата реализација на Мајами донесе целосен пресврт.
Хит постигна 36 поени во последните 12 минути, стигна и до целосен пресврт, а Мари не реализираше во последните моменти од средбата кои ќе донесеа продолжение.
Со 41 поен и 11 скокови Никола Јокиќ беше прво име на натпреварот, а него го следеше Мари со 18 поени и 10 асистенции. Винсент реализираше 23 поени за Мајами, додека со 21 поен и 9 скокови мечот го заврши Адебајо.
Ова беше прв пораз за Денвер на домашен терен од 30 март и прв пораз во десет домашни натпревари во плеј-офот.
Серијата сега се сели во Мајами, со натпреварот број 3, ноќта меѓу среда и четврток.