Маск: Сите луѓе треба да бидат чипирани

Илон Макс – првиот човек на SpaceX и Tesla смета дека сите луѓе на планетата треба да бидат чипирани со посебен чип во главата. Ова го претставил во напис за кинеското списание China Cyberspace.

„Neuralink се фокусира на развој на технологии за спојување на компјутерите и човечкиот мозок преку мозочни чипови со големина на монети слични на преносливи уреди како што се паметните телефони“ – напишал Маск.

Се наведува дека чиповите Nueralink мора да бидат вградени во церебралниот кортекс на корисникот.

Според Маск, чипот ќе им помогне на лицата со попреченост – ја враќа моторната функција на екстремитетите кај луѓето со повреди на ‘рбетот и нарушувања на нервниот систем, а исто така ќе им овозможи на парализираните луѓе да го користат мозокот за работа со компјутери и паметни телефони.

Во април лани, компанија Neuralink направи експеримент со мајмун, со чип вграден во неговиот мозок, кој може да игра одредена игра само со моќта на својата мисла.

Следното испитување на чипови се очекува да биде врз луѓе.