Маск сексуално малтретирал стјуардеса, таа добила 250.000 долари за да молчи!
Наводен скандал стар 6 години излезе на виделина, а е поврзан со милијардерот Елон Маск.
Бил обвинет за сексуално малтретирање. „Спејс Икс“, воздухопловната компанија што тој ја основал наводно ѝ платила на извесна стјуардеса која била вработена во компанијата 250.000 долари за да нема поплака.
„Бизнис инсајдер“ открива дека стјуардесата, чие име засега не се открива, била член на кабинската екипа. Таа го обвинила Маск дека „ и ги покажувал интимните делови и се триел на нејзината нога без нејзина согласност“. Наводно, Маск потоа ѝ предложил да ѝ купи коњ во замена за еротска масажа.
Овој инцидентот, според пишувањата, се случил во 2016 година, а го обелоденила пријателка на стјуардесата.
„Ова е првпат во мојата кариера да се појави нешто вакво“ – коментирал Маск по повод пишувањата и написот го оценил како „политички мотивиран“.