Марјан Николовски ја доби новинарската награда „Мито Хаџивасилев–Јасмин“
Новинарот на тв Сител – Марјан Николовски ја доби наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ – највисоката државна награда во областа на новинарството.
Денеска во Собранието Николовски ја прими наградата за неговиот долгогодишен придонес кон афирмацијата на регионален, културен и општествен дијалог, религиска, национална и етничка толеранција како и промоција на позитивни вредности и евроатлантски перспективи.
Државната награда за новинарство за 2021 година ја доби и новинарската Аделина Марку, а за најдобри публицисти беа избрани Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски.