Маричиќ: Ја примивме и сфативме пораката на граѓаните, потребна е поголема посветеност на јавните услуги и евалуација на секој кадар

„Ние ја примивме и сфативме пораката и тоа искрено и скромно ја прифативме пораката на граѓантие од првиот круг. Тоа е сериозен сигнал. Грешките се секако и политички и стратешки, но и кадровски“ рече вицепремиерот и кандидат за пратеник од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во вестите на Сител.

Тој додаде дека доколку се дадеше поголем фокус на некои јавни услуги, кои граѓаните ги интересираат, како здравство, образование, лични документи и подобри услуги од администрацијата, резултатот ќе беше подобар.

„Доколку посфетевме повеќе внимание на објаснување на сите оние прашања поврзани со ЕУ, како е тоа битно за нас. Францускиот предлог направи многу штета. Можеби требаше повеќе време да посветиме на објаснување на тоа, како важна тема“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека и однесувањето на дел од политичарите од коалиционите партнери, ДУИ, исто така направија штета на рејтингот на СДСМ.