Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ и Давкова немаат чувство во каква држава живеат

На завршниот митинг во општина Центар кандидатот за претседател Стево Пендаровски рече дека од страната на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден конкретен став, ниту еден конкретен план за клучните прашања за државата.

„Тие велат ќе го почитуваме договор од Преспа но нема да кажеме Северна, да го каже тоа малолетно дете од 4 или 5 години, па ќе се насмеете но кога тоа го каже возрасен човек и професор, единствено ви останува да ја жалите госпоѓата. Не може да почиттувате Преспански договор ако не почитувате Северна Македонија. Кога имате работа со луѓе кои за рамковниот договор велат дека го надминало времето, значи дека тие луѓе немаат чувство за тоа во каква држава живеат каква е популационата структура и каква е можна Македонија. Македонија е можна само како заедница на потполно рамноправни граѓани, без разлика колку сме различни“ порача Пендаровски.

Пендаровски повика на масовна излезност во среда и заокружување на бројот еден и на парламентарните и на претседателските избори.