Маричиќ: Имаме рамка за решавање на разликите со Бугарија без да биде формален критериум во преговорите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вестите на „Канал 5“ каде изјави дека во никој случај историските прашања, кои се споменуваат во делот на добрососедските односи, не влегуваат како критериуми во преговарачката рамка.

– Добрососедските односи генерално се критериум, но не се причина за блокада во вака предложениот предлог. Имаме една рамка за решавање на разликите со Бугарија тоа се годишни прегледи, но ништо од тоа не е формален критериум на Европската Комисија, ниту пак се прави ниту според нив се прави какво било влијание на преговорите во кое било Поглавје, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека Протоколот како таков веќе го нема во преговарачката рамка, а она што се споменува се годишните прегледи, и објасни дека истите не се содржина, туку се механизам за имплементација на Договорот, којшто се базира на годишни средби од кои произлегуваат резултати.