Маричиќ: Во кампањата има жестока националистичка реторика од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Секоја долготрајна блокада секогаш завршувала со внатрешни проблеми и конфликти коишто веќе се во најава, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ за Слободен печат.

Според него партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ водат изразено националистичка кампања.

,,Ние сега, во кампањата имаме жестока националистичка реторика како никогаш до сега претходно. Конкретно мислам на оној активен дијалог на кревање тензии, помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во текот на кампањата. Тој концепт многу лесно се поигрува со чувствата на граѓаните. Концептот на бинационална држава и меѓуетничка поделеност отсекогаш бил концепт на ВМРО-ДПМНЕ” посочи тој

Ние, додаде Маричиќ, секогаш сме нуделе пограѓнски пристап, пристап во кој сите граѓани се еднакви и нормално, пристап со кој се брани и чува достоинството на македонскиот народ.