Објавена е песната и видеозаписот за истата која годинава ќе нè претставува на 20-то издание на јуниорскиот Евросонг.
Лара, Јован и Ирина ќе ја претставуваат Македонија со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчески, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа.
На евровизиската сцена ќе настапат на 11. декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.