Лукаревска: Шпекулации се дека ќе се укине проектот Мој ДДВ
Сања Лукаревска – првиот човек во УЈП како шпекулација ги оценува тврдењата дека ќе се укине проектот Мој ДДВ. Таа посочува дека преку оваа мерка досега им се вратени повеќе од 3 милијарди денари на околу 350.000 корисници.
„Сметам дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Длабински го работевме и чекор по чекор го унапредувавме и ќе продолжиме да го унапредуваме. Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата и навремено ќе ја информираме јавноста. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт до сега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката, така што ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка“ – рече Лукаревска.