Локдауни и протести низ цела Европа, a Клуге повика да се зголеми бројот на вакцинирани
Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради ширењето на Ковид-19 во Европа, рече шефот на канцеларијата на СЗО за Европа – Ханс Клуге.
Тој предупреди дека до март може да се регистрираат околу 500.000 смртни случаи, доколку не се преземат мерки. Клуге смета дека обврската за носење маски може да помогне да се забави пандемијата.
Ваквата епидемиолошка состојба е поради студеното време, недоволно вакцинирани лица и доминацијата на позаразната Делта варијанта на вирусот – посочуваат експертите.
Клуге повика на зголемување на бројот на вакцинирани, спроведување на основните мерки за јавно здравје и нови начини на лекување за да се спречи ширењето на болеста. Тој смета дека обврската за вакцинирање треба да биде „последна мерка“ на која ќе се прибегнува, но дека би било вистинско време за „правна и социјална дебата“ по ова прашање.