Левица: Францускиот предлог ги содржи сите негаторски бугарски барања

Францускиот предлог, којшто Владата првично го одби, за сега да биде прифатлив, ги содржи сите негаторски бугарски барања!

Прво, двете страни ќе се произнесат за македонскиот јазик по нивно видување – само за нас јазикот ќе биде македонски, додека Бугарија ќе ја афирмира својата позиција за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик!

Второ, сите барања поврзани со историските прашања кои се содржат во Договорот за добрососедство од 2017 година, стануваат дел од преговарачката рамка – Бугарија ќе ја пишува македонската историја!

Трето, по заслуга на европските партнери, за прв пат се предвидува Бугарија, и другите земји-членки, да можат да ставаат вето на веќе затворени поглавја – ЕУ не става во лавиринт до конечно удоволување на сите апетити на соседите!

Бугарија преку ЕУ наметнува ултиматум за ништење на македонскиот идентитет!

Француската амбасадорка во Бугарија и министерката Генчовска денес со официјални изјави потврдија дека се работи за истиот предлог и дека нема никакви суштински измени во однос на бугарските барања.

Затоа, потребно е категорично отфрлање на предлогот и итен прекин на преговорите со Бугарија веднаш! – велат од Левица.