
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави денеска дека тврдењата за наводното одбивање на Русија да преговара со Украина се лаги.
„Нашата дипломатија има многу работа, постојано и навремено објаснувајќи што се случува. Откриваме лаги, особено оние во кои се тврди дека не сакаме да преговараме“, рече Лавров, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека сите сакаат војната во Украина да заврши, но квалитетот на исходот, а не временската рамка е она што е важно за рускиот народ.