Курти дециден: Не добив ултиматум од меѓународната заедница
Курти е дециден и вели дека не добил ултиматум од меѓународната заедница.
Курти кажа дека на состанокот со специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар и претставникот на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак разговарал и понудил „сигурен излез од кризата на северот“.
„Не добив никаков ултиматум, со претставниците се сретнав и разговаравме. Понудив сигурен начин за стабилен излез од кризата на северот на Косово предизвикана од нелегалните структури. Првиот и основен е владеењето на правото. Десетици НАТО војници, косовски полицајци и новинари беа жртви на невидена бруталност на насилните екстремисти“, кажа Курти.