Во нападот во Рокфорд, Илиноис, загинаа четири лица, а пет се повредени, додека осомничениот млад човек (22) е уапсен.
Полицијата соопшти и дека некои од жртвите биле избодени, но дека во нападот не било употребено огнено оружје, пренесува CBN News Chicago.
Шефот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека при нападот со нож загинале вкупно четири лица, петмина се повредени, а еден од нив е тешко.
Загинаа девојка (15), жена (63), маж (49) и момче (22). Четири лица се префрлени во болници, каде нивната состојба е стабилизирана.
Повиците до полицијата и итната помош пристигнувале од повеќе правци додека нападот траел приближно 20 минути, а екипите набрзо биле на терен.
Од полицијата истакнаа дека засега не е јасна причината за нападот што се случи во средата.