Крвав масакр во Цетиње, убиени повеќе од 10 лица, меѓу кои и деца

На денешниот крвав масакр во Цетиње, според неофицијални информации, Вучко Бориловиќ (34) го убил целото семејство, а потоа излегол на улица и убивал луѓе еден по еден, а неколкумина од нив биле ранети.

Според се уште непотврдени информации, во масакрот загинале повеќе од 10 лица, меѓу кои и деца.

Полицијата го убила напаѓачот Вучко Бориловиќ (34). Напаѓачот наводно ја спречувал брзата помош да им пријде на жртвите пред да биде убиен од полицијата. Според извештаите, тој околу 16 часот пукал со огнено оружје кон сограѓаните зад зградата на Владата.

Причината за крвавиот масакр е најверојатно семеен конфликт. Полицијата се уште нема официјално соопштение.

Од РТЦГ информираат дека покрај 11-те загинати, итно се хоспитализирани шест повредени лица – четворица во болница во Цетиње, а двајца се префрлени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Делот од градот во Цетиње каде што се случи масакрот е блокиран, а се собраа голем број граѓани. Полициските сили се засилени во областа. РТЦГ ги пренесува изјавите на сведоците кои велат дека напаѓачот одел низ населбата и пукал во луѓето на кои наишол.