Борут Пахор: Решението е сите земји од Западен Балкан што побргу да влезат во ЕУ

Србија е под голем притисок да ги спроведе санкциите на западниот блок и ЕУ против Русија, но процесот на нејзино членство во ЕУ продолжува, изјави во Анкара претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој е за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан до Европската Унија и кој, како што вели, од почетокот го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој во моментот не постои.

Пахор во интервју за агенцијата „Анадолија“ рече дека му придава важност на членството во ЕУ за да покаже на чија страна се сите земји, вклучително и Србија.

Претседателот на Словенија посочува дека сака што побргу да ги види сите земји од Западен Балкан во ЕУ.