Крвава забава во Јужна Кореја, стампедо на Ноќ на вештерките

Во главниот град на Јужна Кореја на улиците се славела Ноќта на вештерките, имало околу 100.000 луѓе.

Пожарникарите потврдија дека во стампедо загинале најмалку две лица. Се стравува дека бројката ќе биде многу поголема. Десетици се во болниците во Сеул, напиша репортерката на Вашингтон пост Кореја – Мишел Је Хи Ли.

Скај њуз објави дека најмалку девет лица загинале.

Според извештајот на локалната новинска агенција Јонхап, повредените биле „прегазени“ од голема толпа луѓе кои се упатувале по тесна улица за време на прославите на Ноќта на вештерките во Сеул.

До 23:30 часот по локално време, противпожарните служби реанимирале најмалку 50 луѓе во областа Итаевон, поради прекин на дишењето и отчукување на срцето, објави агенцијата.

„Кореа хералд“ пишува дека меѓу повредените и жртвите има голем број жени на возраст од 20 години.

Службите за итни случаи велат дека примиле 81 повик од луѓе кои им кажале дека имаат проблеми со дишењето. Стампедото се случило во областа Итаевон во Сеул. Стотици луѓе од различни служби за итни случаи се на терен.

Како што јавува „Би-Би-Си“, повеќе од 100.000 луѓе на улиците на Сеул ја прославија првата ноќ на Ноќта на вештерките по завршувањето на мерките за корона. Се наведува и дека повеќе луѓе се лекуваат од срцев удар. Сведоците велат дека не се чувствувале безбедно поради големата гужва.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол наредил итна медицинска екипа да биде испратена во областа и рече дека треба да се подготват болничките кревети за да се намали бројот на жртви, соопштија од неговиот кабинет.