Од Бакингемската палата соопштија – кралицата Елизабета (95) е позитивна на Ковид-19. Таа имала „благи симптоми слични на настинка“, но се очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на следната недела, соопштија од палатата.
„Таа ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства“ – се додава во соопштението.
Кралицата била во контакт со нејзиниот најстар син и наследник, принцот Чарлс кој минатата недела беше позитивен на тестот.
„Би-Би-Си“ јави дека голем број луѓе биле позитивни на Ковид-19 во замокот Виндзор, каде што живее кралицата.