„Од Битола заминуваат млади, образовани луѓе. Претежно се иселуваат во западна Европа. Индустриската зона `Жабени` е успешна приказна, со максимална бројка од 6.700 вработувања пред Ковид пандемијата, сега таа бројка е околу 5.100. Во РЕК Битола има околу 3.500 вработувања. Со енергетско-економската криза и Битола почувствува многу, зелената агенда на која цели Европа, новите извори на енергија се иднината. Општинската каса е со стабилна состојба, редовно се сервисираат побарувањата, но инпутот на електричната енергија ќе направи голем дисбаланс. Лани во септември општина Битола плати сметка за струја од 1.8 милиони денари, сега таа цена е 8,8 милиони денари“ – вели д-р Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола во најновото издание на Трилинг.
За еколошката состојба во „градот на конзулите“, Коњановски вели дека „тоа е рак – рана. РЕК егзистира, но гасификација и топлификација треба да се форсираат“.
„Наше е да работиме, се нафатив на тешка работа, ќе настојувам она што го работев и порано да го продолам, достапност и отвореност е основата на се. Граѓаните бараат да си ги кажат маките. Не размислувам толку долгорочно“ вели Коњановски.