Мелиза Харадинај-Стубла – поранешната министерка за надворешни работи на Косово вели дека Косово мора веднаш да го прекине дијалогот со Србија поради односот на официјален Белград кон руската агресија врз Украина.
Харадинај-Стубла на нејзината страница на Фејсбук напиша дека „Србија е единствената држава со статус на кандидат за членство во Европската унија која го поддржа варварството на (рускиот претседател, Владимир) Путин против демократска Украина“.
„Косово мора веднаш да го суспендира дијалогот со Србија. Преговарањето со држава која активно поддржува агресија и војна е губење време“ – напиша Харадинај-Стубла.