Концерт на Националниот џез оркестар со кубанскиот музичар Ален Перез

Националниот џез оркестар вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт „Cuban Jazz Explosion“ со кубанскиот музичар со светска кариера Ален Перез и неговата осумчлена ритам-секција „La Orquesta“. Настанот е дел од европската турнеја „La Fiesta Tour“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа.

-Со спој на салса, тимба и џез, концертот ветува вечер исполнета со ритам, страст и врвна музичка изведба. Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент со интернационална кариера. Своето светско признание го стекна како член на легендарниот состав „Irakere“ и преку долгогодишната соработка со фламенко иконата Пако де Лусија, соопшти Националниот џез оркестар.

Во текот на својата кариера Перез соработувал со некои од најголемите имиња на светската музичка сцена, создавајќи препознатлив звук кој ги обединува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во енергична и автентична звучна целина.

-Добитник на престижните награди Греми – Grammy Awards и Latin Grammy Awards признанија, тој денес се смета за еден од најзначајните претставници на современата афро-кубанска музика, се наведува во соопштението.