Концерт на „Ареа“ на Антички в петок

Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок) во 21 часот ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026.

Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок) во 21 часот ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026.

Под отворено небо и во магичниот амбиент на еден од најубавите концертни простори во земјата, Ружица, Ивица и останатите членови на бендот ќе приредат вечер исполнета со емоции, рок-енергија и безвременски хитови.

Публиката ќе има можност во живо да ужива во песните што ја одбележаа нивната повеќедецениска кариера, меѓу кои се „Сите мои слики“, „Пријател“, „Одведи ме“, „Биди мој“, како и многу други нивни теми што оставија силен белег на македонската музичка сцена.

Препознатливиот моќен вокал на Ружица, виртуозните гитарски делници на Ивица, цврстата ритам-секција, богатата синти подлога и придружниот вокал на Елена создаваат концертно доживување кое со години ја освојува публиката. Во комбинација со уникатната атмосфера на Античкиот театар, овој настап ветува незаборавна летна музичка вечер. Вие и Ареа на фреквенција со љубовта под ѕвездите во Антички!

Концертот е во организација на Fresh Union – Film, Music and Booking Agency, како дел од проект поддржан од Министерството за култура.

Влезниците веќе се пуштени во продажба и можат да се обезбедат онлајн преку Wayin, како и во „Аждерот“ во Охрид.