Компанијата Брако испорача 14 возила за одржување на хигиена во рок од два дена

Компанијата Брако продолжува со извозот на повеќе модели на возилата за одржување на хигиена во урбани средини. За само два дена стручните лица во Брако подготвија 14 возила, од кои по 6 во Обединетото Кралство и САД и по едно во Полска и Хрватска.

Клиентите во Англија, во Калифорнија во САД и во двете други европски држави го збогатија и обновија возниот парк за одржување хигиена на надворешни површини со најпродаваниот електричен модел GM 500 ze и надградената верзија на GM 636 Stage V.

Ова претставува нова генерација на возила, со нови филтри за намалени издувни гасови. Во пратките се најдоа и неколку возила од моделите GM400ze i GM424TR. GM400 од оваа година е достапно во целосна електрична верзија и e одлично осмислено и опремено возило со рачно управување кое со сите свои позитивни перформанси го освојува пазарот, додека моделот GM 424 TR е едно од најопремените возила дизајнирано за работа во секакви временски услови.