Компаниите во ТИРЗ имаат добри резултати

Од почетокот на 2021 година до крајот на ноември компаниите активни во ТИР зоните во Македонија достигнале извоз од 2 милијарди и 734 милиони евра, што е највисоко досега споредено со истиот период во изминативе четири години.

Анализата покажува дека вкупниот извоз во првите 11 месеци е за 17,5% повисок споредено со истиот период лани, односно 7,5% повисок споредено со периодот јануари-ноември од 2019 година и за речиси 23% повисок во однос на 2018 година.

Само во ноември компаниите активни во зоните оствариле извоз од 251 милиони евра, што е на исто ниво со ноември 2020 година, а за 2% повеќе од истиот месец во 2019, односно 13% повеќе споредено со ноември 2018.

Се очекува ваквиот тренд да продолжи и во последниот месец од годинава со што би се достигнала границата од 3 милијарди евра извоз, што ќе се смета за рекордно ниво досега.