Амбасадорката на Франција во Бугарија: Треба да се создаде можност за помирување

Флоренс Робин – амбасадорката на Франција во соседна Бугарија на Бугарската национална телевизија рече дека е свесна оти меѓу Софија и Скопје постои спор, но најважното за неа е потребата да се создаде можност за помирување меѓу двете земји. Робин истакна дека не станува збор за давање зелено светло за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија, туку за почеток на преговори, кои ќе потраат повеќе години.

Таа зборуваше за приоритетите на Франција во текот на престојното претседателство од 1. јануари 2022 година и нагласи дека Балканот е срцето на Европа.

„Тоа е факт како од географска гледа точка, така и од историска. Балканот имаше многу важна улога во судбината на Европа и затоа претседателот Макрон е убеден дека Европа треба да преземе поголем ангажман на Балканот, како на политички, така и на економски план.Треба да се направат напори за инвестиции, за развој на инфраструктурата, за повеќе солидарност“ рече Робин.