Виолета Комитова – бугарската министерка за регионален развој и јавни работи ги презентираше резултатите од увидот на патниот правец Драгичево – Долна Дикања, делница на која се случи автобуската несреќа во која минатиот вторник загинаа 45 македонски граѓани.
Комитова на прес-конференцијата рече дека патната делница во 2007 година имала ограничување на брзината од 90 километри на час, а во 2013 година максимално дозволената брзина била зголемена на 120 километри на час.
„Не можеме да тврдиме дека зголемувањето на максималната брзина од 120 километри на час е главната причина за несреќата. Грубоста на површината на патот е во прилично добра состојба. Во однос на заштитната ограда наречена `рибна опашка` истата ги исполнува стандардите. Наводно, несреќата не била со голема брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус“ рече Коммитова.
Бугарскиот архитект Владо Калинов смета дека свиоците на споменатиот патен правец не се за возење со таква брзина, каква што е предвидена според законите.
„Она што не загрижува е што и во самиот проект попречните свртувања на коловозот се нешто над 4%, што значи дека брзината треба да биде 90 км. При поголеми брзини возилата скршнуваат налево, а во случај на незгода, автобусот тргнал десно, што е предуслов да се претпостави дека се движел со мала брзина“, изјави Калинов.
И Комитова и Калинов се децидни – брзината не е причина за несреќата.