Колумна на Софче Ристова: Реформизацијата на македонското судство – независно, а сепак зависно судство

Судството или т.н. судска власт е државен орган коj ја има функцијата за независно владеење и применување на судските закони.

Нашето македонско судство како трета независна власт, по осамостојувањето на Македонија, и во период на транзиција, претрпe лоша трансформација на судовите, недоволно обучените судови предизвикаа неправилно спроведување на правдата и правичноста.

Нашиот судски систем иако главно се темели на континенталното право, а основата се законите како главни адути кои ја регулираат материјата, по која судиите треба да донесат пресуди кои што треба да бидат совесни, чесни, независни  и одговорни.

Но, до ден денешен не се обезбеди македонското судство да биде целосно независно судство, ни од правен, ни од судски практичен аспект.

Недовербата на судството се темели на тоа што имаме голем број на нерешени предмети, како и неефикасно и брзо спроведување на судските постапки.

Но, за да имаме пофункционално судство, мораме совесно да воведеме суштински реформи, кои ќе имаат целосна примена во судската пракса, и ќе имаат позитивен исход за судството, државата и за граѓаните.

Не смеме да дозволиме судската власт, да биде под канџите на извршната власт, иако и двете власти, како и законодавната власт, меѓусебно се знаајни и важни во државното уредување.

Но, за да имаме поквалитетно и независно судство функционирањето на судската власт која се темели согласно законите, Уставот како и меѓународните договори ратификувана со Уставот, недозволиво е извршната власт да вмешува прсти во функционирањето на судската власт.

Извршната власт како дел од државното системско уредување може да даде и придонесе во врска со инвестирање на финансиски дел, односно да направи национална стратегија или план за финансирање на реформизација на судството и судскиот систем кој е важен елемент за регулирање на судската администрација и составен дел од позитивниот правен поредок на земјата.

Главната перцепција за нашето судство е да се донесат повеќе практични законски измени во врска со законите за кои следи и судска пракса, и да се спроведе поголема транспарентност, судовите да не бидат недостапни  за граѓаните кои сакаат да ги остварат своите повредени права преку судски постапки.

А согласно законот за судските такси да се овозможи, административно судските трошоци за сите правни постапки да бидат помали од досегашните (зависно од вредноста на судскиот спор).

Акцент придавам, исто така, во врска со воведување на нов закон за приправници,(како што претходно постоеше) во врска со извршувањето на приправнички стаж, по завршување на своето правно образование (додипломско и магистерско образование).

Кандидатите кои своето понатамошно надградување, усовршување и унапредување ќе сакаат да го насочат кон адвокатската професија, да им се овозможи правото на застапување на приправниците во првостепените судски постапки (во Основните судови) и тоа во граѓанската област, да се овозможи правото на застапување до одредена вредност на судски спор.

А исто така да се разгледа можноста и правото на овозможување застапување, во кривичните постапки за кривични дела кои се извршени од помал степен, согласно кривичниот закон и законот за кривична постапка.

Сметам дека судската пракса, за правото на овозможување и застапување на одредни судски предмети ќе придонесе идните генерации, но и тие што се во процес на реализација за овој вид стаж да имаат поголемо практично и стручно знаење, во нивната понатамошна адвокатска кариера.

А на тој начин ќе имаме и поквалитетни стручни кадри, во правната професија кои се главен двигател во функционирањето на правосудниот систем.

Што се однесува во врска со Законот за судии и јавни обвинителии и правото за нивни збор во надлежните судови, (иако веќе таков вид на предлог е предложен во една од владините седници).

Да се дозволи без „непотизам“ да се имплемнтира правото на избор на судии и јавни обвинители. Но, и не само на кандидатите кои се дел од Академијата на судии и јавни обвинители, туку да се овозможи правото на избор и на адвокати кои повеќе од 5 или 10 години се во адвокатската професија, и кои имаат практично искуство во судскиот правен систем. (добриот адвокат го познава правото, а одличниот адвокат судијата)

Исто така, за да имаме подобра перспективност и подобро спроведување на законите потребно е да се направи ревизија на законите да се изменат или дополнат постоечките закони. Да се воведе нова системизација на правосудните закони и законските одредби односно, да се спроведе т.н. кодификациски збирен закон кој ќе се спроведува правилно во судската пракса.

Не велам дека немаме добри закони, ние имаме одлични закони, кои се пишувани, создадени од врвни академици, професори, судии, јавни обвинители кои се докажани професионалци во својата професија.

Но имаме закони кои постојат, а немаат никаква практична примена во правната пракса.

Но, за да имаме пофункционално, достапно, транспаретно и ефикасно судство, главниот клуч и најдоброто решение е воведување на Ревизорски суд кој ќе има надлежност права и обврски да врши ревизија и постапува по предмети кои немат правилна судска пресуда, или предмети кои се одовлекуваат повеќе од 5 или 10 години.

Како и формирање на дополнителна правосудна комора, која ќе овозможи законот за нотаријат, и законот за извршување кој е повеќегодишен проблем за граѓаните и работодавците, да претрпат законски измени и добијат нов иновациски ,ефикасен и модернизиран облик во македонскиот правосуден систем. А адвокатурата како самостојна професија утврдена со Уставот, да добие поголеми права и надлежности во правниот систем, бидејќи е професија која има вредност на одговорна и макотрпна работа која бара целовремено усовршување, надградување, како и доживотно учење, следење и толкување на закони.

Само на тој начин можеме да добиме позитивно оценување, од извештаите и перспективите на Европската комисија кои ќе имаат резултат и продуктивност во улога на правно практично значање, а со тоа ќе оствариме да имаме целосно владеење на правото, демократијата, функционирањето на фундаменталните човекови права и слобода во правниот систем. Како и поголема застапеност, транспарентност и ефикасност во судската администрација која преставуваа главен сегмент за сервис и услуги на граѓаните.

НАПОМЕНА: Колумната е напишена согласно чл.16 од Уставот и чл. 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права, со кои се овозможуваа правото на слобода на изразување како и правото на јавно изразување. Оваа колумна содржи и граѓанско правна заштита, во согласност со Законот за авторското право и сродните права.

Продолжува…

Пишува Софче Ристова – правник