Колумна на проф. Ана Чупеска: Удри Мујо у тарабе

Изборната еуфорија заврши, па сега ни следува базична артикулација на последиците.

Прво, уште виси како отворена можност, она кокетирањето со моноетничка влада – еуфемистички промовирано како „малцинска влада” и секако, не знаеме се уште дали ќе биде фрлено во заборав.

Од една страна, првата изборна ноќ претставници на ВМРО промовираа национален консензус, од друга: најавија коалиција со ВЛЕН. Но, озбилен е проблемот со нивните драстично дијаметрални и супернационалистички димензирани концепции.

Како ќе се помират овие две?

Да нема дилема, сепак, дека се согласуваат обата субјекти со идејата за темелна реформа на Уставот?! Иако, непознаница е во кој обем и колкав опсег најавената темелна реформа на Уставот од страна на ВМРО, особено од професорката по уставно право, од една страна, ќе кореспондира со многу конкретните барања на ВЛЕН/ВРЕДИ во врска со измените на Уставот, и особено оние за јазик, банка, академија;… но, да не заборавиме, тука се и барањата за ослободување за лицата од Диво Насеље, па и за совет на албански општини и сл.

Што ли е договорено ?
Се чудам?

Дали е тоа Амнестијата за 27-ми Април во трампа за Диво Насеље можеби, меѓу останатото?

Или, можеби нема да има договор, под изговор НЕ ПРИФАЌАМЕ УЦЕНИ, а со тоа да се направи обид за легитимација на монетничка влада ЗА КОЈА ДЕНОВИВЕ СЕ БАРА ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ОД МАКЕДОНСКИТЕ РЕДОВИ.

О Господе боже, КАКОВ ДЕБАКЛ би било тоа, поепски од падот на СДСМ, дефинитивно!
Што ако идната Претседателка реши да додели моноетнички мандат?

Дали така ќе не отера во криза од која ќе прокопсаме сите, па, некој ќе мафта со од под земја, со наци будалаштините, т.е.од гробот на Македонија.
Значи, се е фајн со мирните избори, но јавноста бара одговори на овие прашања.
А одговори пак нема.

Наместо тоа, има најава на инвестиции од непознато потекло. Ваљда, нема пак Тајван да го признаеме?!
Второ, идниот Премиер, вети ќе се справи со корупцијата исто како и неговиот партнер ВЛЕН, па сега се очекува и за ова да кажат како планираат, и особено како да го акомодира судството во независно – од позиција на извршна власт?
Рекоа и ветија, патем, дека се против ветинг.

Коалицијата во најава вели дека ќе ги истерале ДУИ од институциите: my ass.

Тоа, ќе се случи кога врбата ќе роди грозје, исто како што на вмровските инсталации влакно не им зафали после падот на груевизмот. Особено што ДУИ е партијата со најголема и најутабана институционална искуственост (плус герилска) што е супериорно комбо во било која форма и околности. Така, лично, не верувам дека на ДУИ инсталациите баш ќе бидат послушни на понудените 300 раководни кадри од ВЛЕН, кој Мицкоски ги најави пред некој ден. Уште помалце па на оние од ВМРО (или може се лажам, заборавајќи на заедничката долгогодишна соработка на линија ВМРО-ДУИ).

Да не зборам дека ДУИ нема да седат мирни со оглед на бројките.
НЕ, нема да седат мирни. Слушнете ги Ахмети и Бектеши што кажуваат. Наострете ги сетилата.

Сензибилитетот и чувството за осет, се еволутивна придобивка и особено во социјална адаптација.
Се уште ми звонат во ушите иглените националистички билдања, меѓу патриотските субјекти, кои како да беа синхронизирани играорни движења, асоцијативни на сликите на Матис.

Не е убаво тоа, мили мои
Многу е опасно.
Фатени на орото на очајот и национализмот, кој ли прв ќе го заврти марамчето?!

Трето, и најважно, после два дена отворени изјави дека: ќе чекале подобри времиња да разговараат со Бугарија, за да продолжат на патот за ЕУ, немам веќе ни трошка сомнеж дека тврдокорноста и тврдоглавоста ќе завршат неславно, но, тоа повлеквит гооолеми, би рекла, и безбедносни проблеми. Ако сте спремни на тоа, треба да сте свесни дека граѓаните не се. Ни едни изборни резулати не може да се оправдување за една таква операција.

Конечно, ако овие од идната Влада имаат време за чекање, не знам ние „народот” колку имаме време. Треба и на тоа да дадете одговор. Ајде еве кажете, да си знаеме, па да им кажеме на децава, на идните генерации, на оние кои ја напуштија земјава, иселени во средниот и перспективен „запад” – кога да планираат да се вратат. Нели и тоа е во план? Колку сте СПРЕМНИ да ги чекате Бугарите?

Знам тешко е после големата победа да отвориш очи и да сватиш дека пак сме сите тука, дека, на истата почва газиме пак. И се е исто освен што сега треба и да се делува од ваша најодговорна страна, па да се биде со визија и со стратегија и правилни/исправни проценки.

Повторувам: ПРАВИЛНИ/ИСПРАВНИ ПРОЦЕНКИ, на сите нивоа!

Лесно беше да се плука, уште полесно да се фантазира од Белата Палата без да направиш барем едно мааало помрднување.
Сега дојде уникатната можност за „удри Мујо у тарабе“, само ќе треба да се пазат прстите.
И Вашите и нашите.

Не е власта само делење фотељи, има тука мноогу одговорност, особено во делувањето и врзано за ветувањата кон „народот”.