Колумна на професорката Чупеска: МАКЕДОНОСКЕПСКА

Во земјата во која има најмногу детективи по глава на жител и фејсбук Поаровци и Мис Марпловки, во земја каде што, кој како стигне си коментира и фрла грандиозни тези и хипотези; кај што секој се бави со секој друг и откако  “уздуж и попреко” се истакнаа со “стручно” мислење за двократно убиство без грам чувство за осет спрема блиските…., сега, во оваа земја ете ја и наездата со нови анализи и “експертизи на новата тема”. Па слушаме и читаме геостратешкиот налет на импресии правени по гранап методологија за одлуката на ЕУ во врска со асоцијативниот статус на Украина и Молдавија.

Во МАНУ, на пример, на тој свечен вергиниозен собир на менгелеевци и по телевизии, убаво вели професорката Мирјана Малевска, официјално се  “отвори војна кон ЕУ ”. Следствено,  низ јавниот простор ќе се стимиулира евроскепсата се повеќе и повеќе, со цел да се амортизира штетата што ја направи опозицијата  со само-блокадата, и ќе се вперува прстот кон ЕУ, наместо кон сами себе. Ок. Очекувано. Но сепак, косистентно деструктивно.

Многу декструктивно!

Извинете Патриоти-Евроскептици, ама  мора малку и соочување, sorry !

Ќе мора малце да и да се разочарате и ќе мора малце да се увиди дека актуелната евроскепса е всуштост замаскирана МАЕДОНОСКЕПСА; или кавер, екскјуз, и оправдание за најниското можно ниво на самопочит и самодоверба во својата држава.

Предлагам, прво да се погледнеме себеси, и да се потсетиме на несоборливите факти за она ште се случуваше во изминативе година ипол

1.Добивме преговарачка рамка која можеби и задира во нашата балканска суета, но,  сепак рамката БЕНИГНО ја таргетира истата таа ВЕЛИКОМАЧЕЧИНИЧКА СУЕТА со додадевњето на другите народи во Уставот. И, ова е гола вода, компарирано со претходните налудничави барања на бугарската политика – сите тие беа ОТСТРАНЕТИ од Преговарачката Рамка.

2.Не знам уште кој од ЕУ и САД не дојде и на кој уште јазик не ни кажаа (вклучителни и на чист македонски) дека промената на уставот  е нашата карта за ЕУ, ама јок бре брате не допре тоа до некои политички фактори  кои за жал имаат побитни работи од нашите ЕУ интеграции.

  1. Украина ниту стана, ниту во блиска иднина ќе стане членка на ЕУ, затоа што ова директно зависи од исходот од војната која ја води и чиј што крај супште е невидлив.
  2. она со кафето на Орбан, што го третираме популарно како преседан, всушност беше покритие за него, затоа што паралелно со кафето – уследи и ВИСТИНСКО ВЕТО од негова страна спрема Украина. Имено, тој ја блокираше помошта од 52 милјони, со што суштествено го утепа Зеленски. Значи, симболично “ѓоа помогна” за статустот на асоцијација, а фактички ја закопа Украина со ветирањето на паричната помош. (која патем се повеќе се намалува како од ЕУ , така и од САД).

Накратко, трикот со кафето, беше оправдување и матење вода за реалното вето.

Поентата ми е дека, неможе изолирано да се тумачат процесите, само од нашата калимеро перспектива. А контекстот е таков што Путин преку Орбан , сепак успеа да ја ослабе Украина – независно што не изгледа баш така !

И виситинските анализи мора да ја земат во предвид и ова перспектива.

  1. Ние, ни слулајно, не би смееле да запаѓаме во дефетизам, заради тоа проклето празно столче. Затоа што и во наш инетерес е Украина да има таков статус, кој ние го добивме на првата меѓувладина конференција, но, кој го само-блокиравме со уставните неизмени и сега неможеме да ја видиме Втората Меѓувалдина Конференција на Советот.
  2. конечно, не дај боже да се споредуваме со Украина и Молдавија, кои се под непосредна закана од Путин. Иако, со оваа и претсојна евроскептична динамика овде, која влече со себе и високо ризични безбедносни предизвици – најдобро да си ја гледаме нашата работа и да си ја следиме нашата агенда и нашиот интерес.

Затоа, замолувам  сите компарации со соседните земји,  како и со Украина и Молдавија да ги остаиме надвор од нашите “аналитички” коментари, оти не само што не се релевантни, туку,  и им одат во прилог на “третите мрачни страни “, затоа што имаат за цел да ја јакнат евроскепската,пардон, Македоноскепсата,  а со тоа да не одвратат од нашата стратешка цел.

Значи, со ладни глави и со аналитичка изостреност, со воља да се држиме до нашиот државен интерес пред се, мора да се носат мудри одлуки кои ќе ни гарантираат подобар и поквалитен живот тука, кај нас дома.

Полека со имресиите и скакање во ладна вода.

Полека и со вергина знамињата (во МАНУ го ставиле на говорницата?! Замислете!)