Колумна на Бежовски: НЕ СЕ КЛАДИ НА ДЕМОКРАТИ
Да признаеме, Мицкоски не уживаше доверба од страна на демократскиот кампус, се надеваше дека после овој негов потег ќе почнат да дуваат поповолни ветрови од САД за него и ВМРО-ДПМНЕ, односно дека ќе може да каже „НЕ“ на бугарскиот диктат, како што сака тоја да го нарече. Легитимно, во секој случај, а тоа е слично како и превртувањето на „плочата“ околу проектот на Ехтел и Бенка. Треба да потсетиме дека Владата на Мицкоски прифати сè што не прифаќаше опозиционерот Мицкоски, а што беше побарано од страна на демократите, освен последното и најтешко прашање за внесувањето на Бугарите во уставот.
Не е толку неверојатен политичкиот камбек на Трамп во услови на целосно неверојатна и погрешна политика на демократите за време на мандатот на претседателот Бајден, почнувајќи од неговите здравствени проблеми кои што му пречеа во секојдневното извршување на обврските како претседател на најмоќната држава, преку лошата кадровска политика за високите функционери (на пример Ненси Пелоси), лошото справување со економската политика по Ковид кризата, преку војната во Украина и, секако, нездравото наметнување и форсирање на ЛГБТ+Квир правата како мејнстрим нормалност.
Да потсетам, тие луѓе во западниот свет ги уживаат сите права и немам ништо против тоа, но нивното агресивно наметнување во секојдневието и нормалноста, како и во училиштата, е токму една од големите причини што доведоа до пораз на демократите и нивните политики. Туркањето токму на овие политики кај нас премногу го чинеше СДСМ, затоа што раководството заборави дека огромен дел од гласачкото тело е повозрасно и конзервативно, а тн. „либерално јадро“ ги „брка“ гласовите.
Да не потсетувам на случајот со педофилот Епштајн и настаните со раперот Пи Диди и обвинувањата дека токму познатите личности кои се на снимките на Диди ја поддржуваа Камала Харис.
Да не заборавиме на огромниот удел на милијардерот Елон Маск во победата на Трамп, секако прво со аквизицијата на платформата Х (Твитер) и успешните проекти на Маск пред изборите, како и посебниот однос на Трамп и неговиот тим кон новите медиуми и популарните „подкасти“ каде што беше сеприсутен, на пример гостувањето кај Џо Роган. За тој нов пристап му беше даден особен кредит на најмладиот син на Трамп, Барон.
Можеме слободно да кажеме дека на овие „судбински избори“, југот го победи северот.
Но, да се осврнеме и кај нас: Мицкоски ризикуваше и се обложи целосно, како што сакаше да каже Заев, во победата на Трамп и оствари неколку средби со негови блиски луѓе, како на пример со омилениот „разузнавач“ Ричард Гренел.
Ќе се согласиме дека е прилично храбро од Владата на Мицкоски, но тоа обложување излезе како полн погодок во услови кога целиот регион се кладеше на демократите.
Да признаеме, Мицкоски не уживаше доверба од страна на демократскиот кампус, се надеваше дека после овој негов потег ќе почнат да дуваат поповолни ветрови од САД за него и ВМРО-ДПМНЕ, односно дека ќе може да каже „НЕ“ на бугарскиот диктат, како што сака тоја да го нарече. Легитимно, во секој случај, а тоа е слично како и превртувањето на „плочата“ околу проектот на Ехтел и Бенка. Треба да потсетиме дека Владата на Мицкоски прифати сè што не прифаќаше опозиционерот Мицкоски, а што беше побарано од страна на демократите, освен последното и најтешко прашање за внесувањето на Бугарите во уставот.
Секако, не треба да се заборави дека Стејт Департментот е контролиран од таканаречената „длабока“ држава која што е наклонета кон демократите, а истото важи и за Пентагон. Токму за превратот во американската меѓународна политика на кој што се надева Мицкоски ќе се води силна битка помеѓу Трампистите и „Длабоката држава“.
Избраниот претседател Трамп веќе најави кратење на многу средства кои што се трошат во странски држави, а ќе се пренаменат за здравствена помош и бенефиции за ветераните, на пример.
Аналитичарите се согласни дека овој пат, Трамп ќе биде многу поефикасен во своите намери поради претходно стекнатото искуство во претходниот мандат.
Трамп најави огромна промена во надворешната политика на САД, посебно кон ЕУ, и сведоци сме дека неговата победа ги исплаши европските лидери кои што сфатија дека ќе мора да ја консолидираат заедничката Европска надворешна политика од причина што повеќето од нив играа на картата на демократите, освен Орбан, сојузникот на Мицкоски.
Од тие причини, веројатно ќе мора да следи дополнително консолидирање на ЕУ по многу прашања, особено на нивниот однос кон војната во Украина, а видовме во Будимпешта дека истите цврсто стојат кон нашата обврска да ги внесеме Бугарите во Уставот.
Мислам дека и на Мицкоски му стана дополнително јасно дека нашата позиција во однос на „НЕ“ внесувањето на Бугарите во уставот се отежнува по одговорот на словенечката кандидатка за еврокомесарка Марта Кос на прашањето на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев дали ќе поддржи промена на преговарачката рамка со Северна Македонија, со кратко „НЕ“, а при тоа таа повторно потенцираше дека „Договорите мора да се почитуваат!“ (Pacta sunt servanda). Бугарските пратеници, секако, не ја пропуштија можноста да ја поврзат Марта Кос со југословенската тајна служба.
Претходно, Макрон на средба со Мицкоски истакна дека очекува неговата Влада да ги почитува веќе преземените меѓународни обврски.
Светот е во исчекување на првите чекори кои што ќе ги преземе непредвидливиот Трамп по преземањето на мандатот во јануари наредната година.