Провокацијата на инаугурацијата од страна на новата претседателка на „Нашата земја“ , Силјановска Давкова со неизговарањето на уставното име на Северна Македонија при давање на заклетвата е комплетно лош старт во меѓународните односи како за неа така и за ВМРО-ДПМНЕ како партија која што ќе ја предводи новата влада и за Кристијан Мицкоски како иден мандатар на владата.
Инаугурацијата беше веднаш напуштена од грчката амбасадорка и наредните неколку дена не стигнуваа реакциите од Грција, ЕУ, а и САД, со осуда за Силјановска -Давкова. Меѓународниот фактор ја осуди постапката, Мицкоски и неговите послушници со сите сили се обидуваа да ја оправдаат Давкова дека тоа било нејзино лично право на самоопределување.
Искрено не ни очекував било кој од „јаките“ советници кои што се спомнуваа дека учествуваат во изготвувањето на изборната програма и партиципираа во самата кампања на ВМРО-ДПМНЕ да им предочат на Мицкоски и Давкова за можните меѓународни последици од таквата непромислена постапка. Таква неодговорност и продавање на демагогија дека ќе го раскинеле Преспанскиот може да манифестираат Апасиев и Ванковска на пример, но не и Мицкоски и Давкова!
Советници, на Мицкоски и Давкова, поголем дел од нив, произлегуваат од старото раководство на партијата, биле на битни функции и постизборно чекаат да се „ухлебат“ на државна „цицка“ и не сакаат да се стават во немилост на „господарот“ и да извисат, „не дај боже“ при делење на големиот колач од освојувањето на власта, од тие причини разбирливо ја оправдуваа Давкова, а и самиот Мицкоски ја бранеше.
Жестока беше реакцијата од страна на грчките националисти, но и самата држава Грција, која што ги покрена механизмите на ЕУ, веднаш стигнаа опомените и Сиљановска- Давкова немаше друг избир освен да ретерира и да почне ја употребува референцата „Нашата земја“ за што предходно, жестоко, ВМРО-ДПМНЕ секој дневно ги критикуваше функционерите на СДСМ и самиот Стево Пендаровски.
Потсетување за почитување на Преспанскиот договор стигна и од самиот Манфред Вебер, претседател на ЕПП, каде што членува ВМРО-ДПМНЕ, а се сеќавате дека пред изборите, на самит на ЕПП беше и самата Давкова.
Набрзо после тоа одекна тн БОМБА пренесена на Канал 5 ТВ, дека Грција се подготвува за враќање на мерките од 90те како одговор на провокацијата на Силјановска Давкова, а Мицкоски излезе зачуден на ТВ Сител да изјави дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, а не очекувал покажување на политички мускули, како никогаш да не прочитал од историјата на модерната Грција дека како држава не е созададена на гандивски принципи на делување?!?!?.
Секако се надевам дека не треба да се потсетиме дека обидот да се надмудрат грците, и американците со инаетењето на Груевски и братучедот во 2008 година со промоцијата на проектот за антиквизација, после Букурешт, не донесе до ова дереџе до каде што сме денес, а аналогно на тоа не сакам ниту да замислам до каде би не одвел евентуален обид на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да испровоцираат раскинување на Преспанскиот договор со непромислени провокации. Тоа ви е слично како професор по електротехника да ви каже дека за да проверите дали има струја во фасонката треба да ги пикнете прсти, на пример.
Најавата на Грција за евентуална блокада на Македонија како во ‘90тите треба да се сфати многу сериозно од причина што Грција е сериозна држава и брифингот до Канал 5 е сериозна порака директно и до самиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, токму пред формирањето на новата влада, нареднава недела.
Во моменти кога советниците на Мицкоски, се борат за гол опстанок, но и се само декор, јавноста ќе треба отворено да му предочи дека портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис најави дека очекувааат новата Влада на Cеверна Македонија, да положи свечена заклетва, од Грција да ги слушнат позициите, но потенцираше дека првите знаци не се добри, не се охрабрувачки и напомена дека грчката страна ги почитувала меѓународните ратификувани договори, но очекуваат пред и над сè, ова да го стори другата страна.
Заклетвата на Мицкоски како премиер ќе биде клучен момент за понатамошната негова политичка кариера, но и серизен предизвик за Северна Македонија како држава. За прв пат Мицкоски нема да може да тактизира и да нема конкретен став, како на пример за референдумот за промената на името. Ќе мора да го изговори името Северна Македонија, да доа ќе ги разочара гласачати кои што ќе сфатат дека по којзне кој пат наседнаа на ефтина партиска пропагнада, во овој случај за раскинување на Преспанскиот договор и враќање на името Република Македонија
Многу веројатно дека доколку Мицкоски не го изговори името Северна Македонија, Грција има спремено мерки за блокада кои што овој пат ќе може легитимно да ги оправда пред меѓународната заедница, конкретно како прекршување на Преспанскиот договор.
Хипотетички, доколку се случи такава провокација од страна на Мицкоски, се отвара прашањето колку месеци ќе може во услови на економска и политичка блокада да опстои новата владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?!