Колумна на Бежовски: Дали по трет пат ВМРО-ДПМНЕ ќе се лизне на тајните служби?!?!?

Веднаш по назначувањето на новиот директор во јавноста се отвори прашањето дали Христовски има валиден сертификат за познавање на англиски јазик. Тој приложил уверение од јазично училиште во Пловдив, Бугарија, но во Пловдив не постои официјален TOEFL центар за тестирање, што фрла сомнеж врз автентичноста на сертификатот.

На 16 октомври 2024 година, Владата на Северна Македонија го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Медиумите истакнаа, по назначувањето на Христовски за нов директор, дека истиот ј бил активен во партијата ВМРО-ДПМНЕ пред неговото именување за директор на АНБ. Тој до неодамна ја извршувал функцијата претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје и ја извршувал функцијата директор на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Скопје

Неговото назначување за директор на АНБ предизвика силни контроверзии, бидејќи законот забранува членови на политички партии да раководат со оваа агенција, а се појавија сомнежи дали Христовски ги исполнува сите законски услови за оваа позиција?! Според информациите, тој нема безбедносен сертификат “Државна тајна” и поднел барање за таков сертификат дури откако бил назначен за директор на АНБ.

Веднаш по назначувањето на новиот директор во јавноста се отвори прашањето дали Христовски има валиден сертификат за познавање на англиски јазик. Тој приложил уверение од јазично училиште во Пловдив, Бугарија, но во Пловдив не постои официјален TOEFL центар за тестирање, што фрла сомнеж врз автентичноста на сертификатот.

Премиерот Христијан Мицкоски јавно побара од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да истражи назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тој исто така најави дека, ако се утврди дека сертификатот за познавање на англиски јазик што Христовски го приложил е невалиден, ќе биде разрешен од неговата позиција.

Добро информирани извори брифираат дека сепак Христовски не бил неговиот прв избор за директор на АНБна Мицкоски туку некој негов близок пријател вработен во Алкалод, а Христовски е назначен по долгиот и тежок разговор кој го имале тие двајцата. Добивам впечаток дека Мицкоски ќе биде пресреќен доколку Христовски не добие сертификат од НАТО.

Секако дека ќе се согласиме за лошиот почеток на мандатот на првиот човек на на АНБ, но тајмингот случајно се поклопи со интервјуто на Зоран Ефремов, поранешен директорот на сектор во АНБ и помошник во Министерството за внатрешни работи (МВР) за град Скопје, со Васко Ефтов во подкастот “Во Центар”.

Во ова интервју, Ефремов не потсети на настаните од пред и за време на конфликтот во 2001 година во Македонија. Тој откри важни информации и предизвици со кои се соочувале безбедносните служби во тој период, особено во кадровски контекст и со начинот на управувањето со кризата и последиците од неа и комплетно ја долови сликата на „башибозукот“ којшто владееше во безбедносните структури за време на министерувањето на поранешната министерка Доста Димовска, но и по неа кога на местото дојде Љубе Бошкоски.

Ефремов, потсети дека кадрите на Димовска во МВР не се респектираа меѓусебно и немале воопшто никаква координација.

Објаснувајќи Ефремов за тоа како нашите раководители, тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и претседателот Борис Трајковски немале поим што занчи поимот безбедност, индиректо потврди дека истото важело и за Доста Димовска која што заради своите слаби перформанси и резултати, а поради аферата „Големото Уво“ мораше да се повлече од функцијата во предвечерието на конфликот со наводно оправдување дека жена не можела да командува за време на настаните кои што следеа.

Мора да се потенцира дека тогаш Димовска како министерка, а ВМРО-ДПМНЕ како партија комплетно ги разочараа и изневерија нашите стратешки сојузници САД и ЕУ, со погрешната политика и неквалитетните кадри на клучни позиции за кои што и Ефремов изрази сомнеж дека купиле дипломи и звања, а и учествувале во разни криминални дејанија, а за жал сведоци сме дека таа практика продолжува и до денес.

Ќе се потсетиме дека и самиот Георгиевски во своите јавни настани истакнува дека е „пишман“ за именувањето на Димовска во МВР, но и за довербата која што и ја дал за кадровски да ја води партијата во тоа време..

Ефремов ги истакна и моментите кои укажуваат на сложеноста на безбедносната ситуација во Македонија, и сподели своите размислувања за актуелната политичка клима. Интервјуто се фокусираше и на важноста на професионалноста во безбедносните служби и потребата од модернизација и реформи во АНБ, но аферата со новиот директор на АНБ остава сомнеж дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто нешто учи од историјата која што се повторува и никако да извлече поука и да не ги повтори грешките од минатото кога заради тајните служби во 1991 година не ја формираше првата политичка влада во независна Македонија, а подоцна поради 2 афери со прислушкување паднаа владите и на Георгиевски на и Груевски, а името кое што се врти позади тие две афери е токму Зоран Верушевски.

Сето ова не остава во прашалници дали и по четврт пат ќе имаме мешање на безбедносните структури во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и трет пад на влада токму поради несериозниот пристап кон безбедносниот сектрор?!?