Приватната посета на поранешниот, амбасадор на САД, па поранешен конзул во Милано и поранешниот помошник-државен секретар на САД за Европа, господинот Рикер помина не многу забележително, но секако привлече внимание.
Јавноста беше збунета во која и каква функција е неговата посета?!
Главното прашање што се наметна беше која е неговата моментална позиција во америкаската дипломатија?!
Предходно видовме дека господинот Рикер се сретна со Али Ахмети и Христијан Мицкоски, а за емисијата ‘360 изјави дека лани ја напуштил дипломатијата, по 31 година служба и отворил тинк-тенк организација.
Секако дека овој факт отвара многу прашања за јавноста, но посебно и за американската дипломатија, Стејт департментот, америкаската амбасада и амбасадорката Агелер.
Зошто е тој тука и дали добил било какви средстава за неговата организација, кој платил за неговото патување и секако доколку има трансакции во која висина се?!
Која е причината за да тој се појави во Македонија и да се слика со Ахмети и Мицкоски?!?
Само да потсетам дека Мицкоски и Ахмети се лидери на многу богати партии.
Кај Али Ахмети ситуација малку е почиста и можеме да забележиме дека после опомената од страна на нашите американски партнери да прекине со учеството во коруптивните процеси истите ги послуша и неговиот внук Дрин Ахмети се повлече од Соравија. Високи дипломатски извори брифираа дека стриктно му било напоменато дека никој од неговото опкружување нема да има имунитет од кривичен прогон во иднина,но секако ќе се согласите дека останаа многу траги и докази за работа на обвинителството за организиран криминал.
После сите тие коруптивни настани и опомени повторно видовме како Ахмети со многу фолклор го повторува заветот што го дал кон американците и американското знаме и повтори дека ќе се борел портив Русија на јавна сцена. При тоа мора да истакнам дека знаеме дека е се уште битен партнер на американците претставува сигурен американски играч, а дали коњот на брат му уште пие пиво нема понова информација.
Но, ќе се согласите дека ситуација со средбата со Мицкоски е далеку покомплицирана со многу историја и комплетно нејасна?!
Кога се менуваше името на Македонија, Рикер беше помошник-државен секретар и ги брифираше западните дипломати, политичарите, неговите пријатели и познаници дека на Мицкоски не може да му се верува и одбиваше средби со него, но доколку мораше да се сретне со него се гледаше од неговото лице и однесувањето на господинот Мицкоски дека средбите се многу непријатни.
Предходно, сакам да напоменам дека за време на амбасадорувањето на Рикер, режимот на Груевски одлично си функционираше, а неговото рушење формално започна со доаѓањето на Пол Волерс за амбасадор на САД во Македонија.
Професорот Љубомир Фрчкоски лаконски забележа и опиша, во една од своите колумна дека за време на страховладата на Никола Груевски, господинот Рикер секој дневно собираше пеперутки во Мариово со Сашо Мијалков, тогашниот директор на државната безбедност, алудирајќи на нивните редовни средби во кабинетот на Мијалков
Подоцна се шпекулираше дека токму таа колумна е една од пречките зошто Фрчкоски не доби агреман за амбасадор на Македонија во Вашингтон.
Гаранциите што ги даде тогашниот абасадор Рикер кај тогашните попретседателот Џо Бајден и тогашната државна секретарка Хилари Клинтон дека Груевски и Мијалков уште малку да покрадат, па ќе го сменеле името истекоа во 2011 година.
Истекувањето на тие гаранции се случи кога на средбата со Бајден и Хилари Клинтон во Белата куќа на која што било побарано веднаш Груевски да пристапи кон менување на името тој се тој се обидел уште еднаш да им „врзе машни“ по којзнае кој пат.
Веднаш, од таа средба Груевски беше спектакуларното исфрлен од Белата куќа и дрежеше прес на улица , а Рикер беше „унапреден“ американски конзул во Милано.
Подоцна Рикер се рехабилитираше со именувањето на цивилен заменик командант на силите на САД во Европа за да стане помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија кога се случуваше промената на името на Македонија во Северна Македонија.
Токму на средбите по тој повод со западните амбасадори на брифингот од Рикер дека не може да му се верува на Мицкоски тогашниот амбасадор на Франција, господинот Кристијан Тимоние ќе го посети господинот Рикер на неговите дружби со Мијалков.
Другото е историја и завршена работа, но останува горчливиот факт дека со помош на нашите клептократски елити се промени името на државата, а за жал секојдневно гледаме на јавна сцена дека има обиди да се „уновчи“ и внесот на бугарите во уставот како услов за отпочнување на преговорите Македоија со ЕУ.
Сакам да потенцирам дека за оваа средба помеѓу Рикер и Мицкоски има информации дека токму таа средба од Мицкоски се претставува како средба која што покажува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се смириле со америнците и тие дека токму тие му помагаат да формира Влада, а предходно токму од еден аналитичар токму господинот Рикер е означен како припадник на тн „Кафетин Коалиција која што се обидува да го постави Мицкоски за премиер.
Комплицирано, зарем не?!
Од сето погоре наведено и комплексноста на ситуацијата во која што се наоѓа Македонија, Европа и светот со војната во Украина и Израел сакам директно да го прашам американскит Стејт департмент и амбасадорката Агелер што бара господинот Рикер во Македонија, дали тоа претставува мешање во претстојните изборите и дали смее да му се верува на господинот Рикер?!?!?