
Колумна на Александар Бежовски: Во Северна Македонија – ништо ново, се е како досега!
Да се разбереме – јас бев против Преспанскиот договор. Но сега е реалност. И тоа го потврди и ВМРО–ДПМНЕ уште по локалните избори во 2021 година. Џабе не аплаудираше Мицкоски за НАТО. Реториката дека ќе го раскинат Преспанскиот беше празно ветување. Исто како „нема Северна“, „ќе ослободиме бранители“, „ќе ја вратиме гордоста“. Пропаганда за масите.
На претходните избори, ВМРО–ДПМНЕ вети: ќе го вратиме името, ќе го раскинеме Преспанскиот. Денес? Молк. Кој е сега на власт, почнуваме да се прашуваме.
Да се разбереме – јас бев против Преспанскиот договор. Но сега е реалност. И тоа го потврди и ВМРО–ДПМНЕ уште по локалните избори во 2021 година. Џабе не аплаудираше Мицкоски за НАТО. Реториката дека ќе го раскинат Преспанскиот беше празно ветување. Исто како „нема Северна“, „ќе ослободиме бранители“, „ќе ја вратиме гордоста“. Пропаганда за масите.
Во меѓувреме, претседателката помилува куп криминалци. Цела година видовме само едно: фотељи, високи плати, патни трошоци, тендери. Претседателката на Републиката, на Советот за безбедност, рече: „Ситуацијата е задоволителна“. Без ни едно „благодарам“ до НАТО. И тоа во време на светска безбедносна криза. Службите? Повторно во лична служба, не во државна. Лукративни интереси пред сè. Кадровската политика на премиерот? Излишно е да се пишува. Никој не очекуваше вакви потези од професор на УКИМ.
Што се смени за една година? Речиси ништо. Сведоци сме на оживување на кадрите на Груевски. Додадени транзициски кадри на Црвенковски и Георгиевски. Префарбани во нови партиски дресови. Истите тактики: купени дипломи, партиски послушници, увлекувачи, роднини, пријатели, непотизам, корупција, задушување на слободата на говорот и движењето. Ќе речат, ние „малициозните“ живееме во минатото. Но прашањето останува: зошто „благонадежните“ коалицираа со „комуњарите“? Сега Тричко стана благонадежен. Раскажува стари вицови за времето на Георгиевски. Можеби преспал на таванот на Каракачанов. Можеби сфатил дека да си „разбуден“ Бугарин носи милиони и кариера без ден работа. Новото време? Сега бугарските „шпиони“ не се бугарски?!
Факт: тонеме. Економски. Демографски. И натаму.
А владата? Се фали со едно – врати ја полициската бруталност. Демонстрации на сила. Пречекорување овластувања. Против граѓаните. И тоа, поттикнато од врвот на Владата. Една година откако „Мурто“ го сменивме со „Курто“. Зар пак, побогу?! Минус 130.000 гласа за ваква катастрофална политика? И тоа е малку.
Мислењата и ставовите изнесени во колумните се на авторите и не нужно ги рефлектираат позициите и уредувачката политика на Трилинг