Колку се платени порно ѕвездите по сцена?

Порно индустријата продолжува да предизвикува поделени мислења, а многу актери зборуваат за своите искуства. Некои ја пофалија индустријата, а други укажуваа на недостатоците на таквата работа.

Стивен Хирш, потпретседател на компанијата за забава за возрасни Vivid Entertainment, изјави за CNBC дека девојките заработуваат повеќе пари кога првпат ќе влезат во индустријата затоа што се нови. Сепак, нивниот понатамошен приход зависи од тоа колку ќе станат популарни.

Според „CNBC“, просечната актерка во индустријата е платена помеѓу 800 и 1.000 долари за „традиционална секс сцена од маж и жена“.

Оние кои не се популарни можат да бидат платени помалку, околу 300 долари, додека попопуларните актери можат да наплатат 1.500 или дури 2.000 долари по сцена. Ако актерот/актерката се вклучи во поекстремни сцени на екранот, тие добиваат помеѓу 1.800 и 2.500 долари.

Дерек Хеј, основач на агенцијата за таленти LA Direct Models, рече дека видел актери како нудат помеѓу 2.000 и 6.000 долари за сцена, ако тоа е нешто што никогаш претходно не го направиле.

Платите варираат кај мажите

Разликата во платите може да биде поголема кога се во прашање мажите. „CNBC“ известува дека мажите обично добиваат 500-600 долари по сцена или дури и дневно. Ако се малку попознати, би можеле да заработат 700-900 долари.

Порно актерката Валентина Напи за „VICE“ изјави дека заработила 1.140 долари за „редовна хетеросексуална сцена“ кога првпат се преселила во САД, бидејќи дотогаш веќе била доста позната. Но, порно актерот Лука Фереро изјави дека во Европа мажите заработуваат во просек по 533 долари по сцена.

– Мислам дека порно актерите не заработуваат толку пари колку што мисли јавноста. Мислам дека никој, па ни најголемите ѕвезди, не заработува повеќе од половина милион годишно. Но, ако некои од врвните ѕвезди заработуваат од 300.000 до 400.000 долари годишно, според перцепцијата на повеќето луѓе, тоа сепак би било многу пари – заклучил Дерек Хеј.