Колку Македонците подаруваат?

Разговорот го водеше Марија Димишкова

Исидора и Сандра – студио за цветен дизајн „Цветна фабрика“, го отворија во август 2020 година, бизнис отворен сред на пандемија, пред се поради љубовта кон цвеќето.

Идејата им се видела интересна, нешто природно, а поинакво, па „за поинакво секојдневие“ на пазарот се препознаени.

Форми, бои, мириси во цветното студио на Исодора и Сандра, а на прашање колку Македонците подаруваат цвеќе:

„Сите подаруваат цвеќе, а 8. март дефинитивно не е единствениот ден кога се подарува цвеќе кај нас“ – велат тие.