„Вртоглавица и постојан замор може да се знаци на „скриената“ верзија на Омикрон“. Ова го пишува британски „Мирор“, повикувајќи се на Националната здравствена служба (НХС) на Англија.
Оттаму анализираат дека заморот и болките во мускулите често се показатели за овој тип на САРС-КоВ-2, а вртоглавица е исто така меѓу вообичаените симптоми на мутацијата BA. 2
Некои од овие знаци може да се појават и исчезнат во текот на денот, велат лекарите, а доколку се упорни или многу интензивни – пациентот треба да се консултира со специјалист.
Агенцијата за здравствени услуги на Обединетото Кралство веќе го идентификуваше BA. 2, нов тип на Омикрон, како регистрирана варијанта.
BA.2се нарекува „скриен“ затоа што во лабораторија е тешко да се разликува од оригиналниот BA. 1.