Укинато задолжителното носење маски на отворено во Италија

Владата во Италија денеска ја укина обврската за задолжително носење маски на отворено како одговор на подобрената ситуација со епидемијата на коронавирусот.

Додаваат тамошните власти дека имаат намера да го зголемат бројот на гледачи кои можат да влезат и на стадионите.

Министерот за здравство, Роберто Сперанза рече дека од 11. февруари до 31. март маските ќе треба да се носат само во преполните простори или во внатрешноста на јавните простори.

Соопштено е дека од овој датум имаат намера да го зголемат лимитот на 75 отсто од капацитетот за стадиони на отворено и на 60 отсто онаму каде се игра на затворен простор.

Моменталните ограничувања се 50 отсто од капацитетот на отворено и 35 отсто за затворените простори.