Ковид 19 – 162 смртни случаи во Бугарија за едно деноноќие

Од 36.449 Ковид тестови, 3.449 се позитивни во Бугарија, а бројот на смртни случаи во изминатите 24 часа е 162. Од нив, според здравствените власти кај источниот соседн дури 150 се невакцинирани или со нецелосен циклус на вакцинација.

Новозаболени хоспитализирани се 761 пациент, од кои 650 се невакцинирани.

Во Бугарија вакцинираните со првата доза вакцина се 3.682.460 граѓани, а со завршен циклус на вакцинација се 1.908.733.