Во вонредно обраќање до нацијата по повод доаѓањето на бугарската делегација во Битола и отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ вечерва премиерот Димитар Ковачевски рече дека од првиот негов ден од мандатот се држи на тоа разговорите меѓу Македонија и Бугарија да се водат достоинствено и во духот на европските вредности.
„Со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото потикнувајќи го повторно говорот на омраза и на довербата против кои успешно се боревме“ – потенцираше Ковачевски.