Ковачевски: Продолжуваат разговори со бугарската страна, на 11. и 12. овој месец

Претседателот на Владата – Димитар Ковачевски соопшти дека имал телефонски разговор со премиерот на Бугарија – Кирил Петков.

„Синоќа имав телефонски разговор со премиерот Петков, тој сакаше да се информира за два инцидента кои ни се случија, од кои едниот со кршењето на венците на гробот на Гоце Делчев, по што го известив дека МВР ги презема потребните дејствија и друг инцидент, кој има врска со кршењето на стакла во Битола, каде според соопштението на МВР, не се работи за политички инцидент, туку се работи за мотивиран инцидент од приватни причини“ – рече Ковачевски.

Премиерот рече и дека министерствата за надворешни работи на двете земји се посветени на продолжување на преговорите.

„Министерствата за надворешни работи се посветени на овие средби, ќе имаат средби на 11 и 12, ќе разговараат и работат на отворени прашања и доколку се постигне договор прифатлив за двете страни, тогаш министерот за надворешни работи ќе „Ја информирам јавноста на ист начин како што ја информирав Комисијата за надворешна политика“ – рече Ковачевски.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека биле против Законот за минималната плата, а станале „за“ кога социјалните партнери постигнаа договор.

„Ако некој беше против овој закон тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата и кога се правеше минатото покачување, тие беа и сега против, но станаа „за“ вечерта кога постигнавме договор за покачување на минималната плата, а дел од нив и утрото затоа што ја преспале ноќта, бидејќи доцна беше прес-конференцијата“ – рече Ковачевски.

Тој потенцираше дека „во одредени сектори веќе имаме зголемување на платите, а тоа особено ќе се направи во делот на здравството, во делот на негувателите“.